Премиерот на Луксембург има Ковид-19 по учеството на самитот на ЕУ

by Fokus

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е позитивен на тестот за Ковид-19 откако минатата недела присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел.

-Засега тој има благи симптоми, треска и главоболка и од дома ќе ги извршува своите должности. Тој има намера да остане во карантин 10 дена, објави весникот „Луксембургер Ворт“.

Според луксембуршката Влада, Бетел на 6 мај примил само една доза од вакцината „АстраЗенека“, а втората доза требало да прими неделава.

За време на самитот, Бетел се дружел со голем број европски лидери, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел.

Фотографиите од самитот покажуваат дека Бетел, меѓу другото, бил во близок контакт со австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но сите тие носеа маски на ваквите средби.

Поврзани новости