Премиерот на Гренланд до Доналд Трамп: Островот е наш

by Fokus

Премиерот на Гренланд – Муте Буруп Егеде рече дека граѓаните на автономниот дански остров не се Американци или Данци затоа што се Гренланѓани и дека САД треба да го разберат тоа.

„Ние не сакаме да бидеме Американци или Данци, ние сме Гренланѓани. Американците и нивниот лидер треба да го разберат тоа“, напиша тој, додавајќи дека „иднината на Гренланд ќе биде одредена од нејзиниот народ“.

- Advertisements -

Премиерот на Гренланд рече дека тие не се на продажба и не можат туку така да се земат.

Тој го објави ова неколку часа откако Трамп упати директен апел до Гренланѓаните во говорот пред Конгресот синоќа, една недела пред парламентарните избори на островот. „Ние силно го поддржуваме вашето право да ја одредите сопствената иднина и ако изберете, добредојдени сте во Соединетите Американски Држави“, рече Трамп.

„Ќе ве заштитиме, ќе ве збогатиме и заедно ќе го однесеме Гренланд до височини за кои никогаш не сте верувале дека се можни“, рече Трамп.

Но, американскиот претседател, исто така, рече дека неговата администрација работи со сите вклучени за да го добие островот, повикувајќи се на неговата желба да го купи Гренланд од Данска, долгогодишен сојузник на САД.

„Ни треба (островот) за меѓународна светска безбедност. И мислам дека ќе го добиеме. На еден или друг начин ќе го добиеме“, рече Трамп.

Многумина во Гренланд, голем остров богат со руда, кој е полуавтономна територија на Данска, се загрижени и навредени од заканите на Трамп дека ќе ја преземе нивната татковина, пишува агенцијата АП.

Поврзани новости