Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел

by Fokus

Премиерот Христијан Мицкоски од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел каде што ќе има средби со потпретседателката на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез и со премиерот на Полска, Доналд Туск, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Мицкоски заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе присуствуваат на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел на кој за прв пат ќе претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

На Самитот ќе се разговара за натамошната интеграција на регионот преку Планот за раст, како и за надворешни, безбедносни и миграциски прашања.

Исто така, претседателот на Владата Мицкоски ќе учествува на Самитот на Европската народна партија.

Поврзани новости