Премиерот Мицкоски ќе им ,,избере” евтино новогодишно мени на граѓаните

by fokus

Премиерот Христијан Мицкоски годинава ќе им го избере новогодишното мени на граѓаните, односно ќе им понуди новогодишна прехранбена кошничка по евтина цена.

Од Владата стигна најава дека премиерот утре, со почеток во 11:00 часот, во свечената сала на Владата, ќе се одржи состанок меѓу Мицкоски и претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка која се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.

Поврзани новости