Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП

by Fokus

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посетија машката сениорска ракометна репрезентација која се подготвува за настап на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Имаа можност да поразговараат со играчите и со селекторот Кирил Лазаров и притоа им посакаа успех на престојниот мундијал на кој ние во првата фаза имаме средби со Холандија, Унгарија и Гвинеја.

Селекторот Лазаров во знак на благодарност за поддршката му подарил персонализиран дрес на премиерот Мицкоски.

Поврзани новости