Премиерот Ковачевски со вицепремиерот Груби за Илинден пред споменикот на Слободата на скопско Кале

by Fokus

Од Владата соопштија дека по повод државниот празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден годинава, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на свеченоста, која ќе започне со положување свежо цвеќе пред споменикот на Слободата – „Сила, слава и победа” на тврдината Кале во Скопје.

Премиерот Ковачевски, ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Поврзани новости