104
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски утре ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление- Водици, во Скопје.
Со премиерот Ковачевски ќе присуствува и министeрот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Како што информираат од Владата, Ковачевски и Спасовски предвидено e да пристигнат на мостот „Слобода“ во 11:30 часот и ќе присуствуват на осветувањето на водите на реката Вардар и на положување на светиот крст.