Државниот врв е активен на сите канали на социјалните медиуми, 21 од вкупно 24 членови на владиниот кабинет користат најмалку една социјална мрежа, а кај веб страните на институциите сеуште постојат истите предизвици и очекувања од граѓаните, покажа Анализата на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) направена по повод почетокот со работа на новоизбраните носители на извршната власт во земјава.
Понатаму, 21 од вкупно 24 членови на новиот владин кабинет се активни на најмалку еден социјален медиум, додека истовремено активни на трите канали (Фејсбук, Твитер и Инстаграм) се премиерот и уште 10 министри во Владата. Тројца од министрите немаат присуство на ниедна од мрежите, а се забележуваат и кориснички сметки на социјалните мрежи кои сеуште не се отворени за целата јавност.
За потребите на Институтот анализата ја изработи Стефан Атанасовски Трајковиќ, студент и младински активист во ИДУЕП, а под менторство на комуникологот и претседател на Институтот, Бојан Кордалов.