Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегација на Интернационалната асоцијација на Лајонс клубовите (ЛЦИ), „Лајонс Дистрикт 132-Македонија“, предводена од Небојша Давидовски, основач на првиот Лајонс клуб во земјата, придружуван од членовите Соња Бојаџиева и Зоран Трајковски.
Членовите на „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија“ го запознаа Премиерот со своите најнови активности, конкретно со соработката со локалната самоуправа за организирање акции за подобрување на животната средина, како што е уредувањето на паркови и садење зеленило и бели рози кои помагаат за почист воздух, се вели во владиното соопштение.
Членовите на „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија средбата ја искористија да го поканат премиерот да го отвори Европа Форумот – 2018, кој ќе се одржи од 25-27 октомври годинава во Скопје.