605
Премиерот Зоран Заев денеска по повод Меѓународниот ден на лица со попреченост беше домаќин во Владата на 30 лица со попреченост и нивните семејства.
Исто така, во Владата денеска се пакуваше храна заедно со иницијативата „Ретвитни оброк“ која им се дели на бездомниците и сиромашните.
-Ги разгледавме Свечената сала и изложбите “Гуш и бац” инспирирана од зборовите на Ерато Кардула и “Зајдисонца” на Коста Ќука од Битола. На крајот од оваа убава дружба, заедно со #РетвитниОброк, пакуваме храна која ќе ја доставиме до оние на кои им е најпотребна. Попреченоста не смее да биде пречка за да постојано помагаме на ранливите, напиша Заев на својата Фејсбук страница.