383
Беким Максути кој беше предложен за заменик министер за одбрана од ДУИ, го нема во предлогот што премиерот Емил Димитриев го испрати до Собранието каде денеска треба да бидат изгласани новите министри и заменици од ДУИ.
Сите останати имиња кои ги објави ДУИ се наоѓаат на списокот, освен неговото.
Максути во 2012 година во униформа на АРМ се поклони пред споменикот на УЧК во Слупчане, а сегашниот премиер Димитриев тогаш беше заменик-министер за одбрана и побара дисциплинска постапка за него.
Деновиве, експертите коментираа дека смената на министри и заменици е нова игра на коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во пресрет на најавените избори.