Премиерот Емил Димитриев денеска ги повика политички партии на конструктивност за да се надминела политичката криза во земјава.
-Како претседател на Владата јас се надевам дека и апелирам сите партии да имаат максимална конструктивност се со цел што побрзо да заврши оваа политичка криза која има негативни последици и по економијата и по другите сфери на општетсвеното живеење. Ние како Влада работиме максимално посветено на нашите програмски определби кои значат подобри стандарди во сите области на човековото живење, така што очекувам и партиите со својата конструктивност да придонесат да излеземе од оваа криза, рече Димитриев.
Тој денеска беше во посета на фабриката „Милина свитс“ во Индустриската зона во Штип, каде го означи почетокот на владиниот проект „Македонија вработува 2“.