„Раководството на град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со Претседателот на Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението што од Град Скопје го упатиле до Владата и премиерот Христијан Мицкоски.
Оттаму го повикаа премиерот Мицкоски „да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот“.
„Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија.
Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу Владата и градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата, во корист на граѓаните на градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата на Р. Македонија, во корист на граѓаните на градот Скопје“ соопштија од Град Скопје.