Бизнисменот Орце Камчев денеска во своето сведочење за случајот „Рекет“ појасни дека прв пат за случајот пријавил кај тогашниот директор на УБК, Горан Николовски -Џони, а потоа за се го известил и премиерот Зоран Заев.
-Пријавив кај премиерот, беше запрепастен од тоа што го виде, немаше зборови. Ми рече да му оставам два дена, зошто не може да поверува што видел. Потоа ми се јави и ми рече се што имам да однесам во обвинителството, кај обвинителката Вилма Русковска, рече Камчев, во дел од своето сведочење.
Тој ја спомена и министерката Радмила Шекеринска, за која рече дека Боки 13 ја злоупотребил.
-Бојан Јовановски ми покажуваше и слики со потпретседателката на Владата, но јас знаев дека жената нема врска. Нејзиниот сопруг ми е добар пријател, па жал ми е што излезе таа снимка во јавноста, рече Камчев.
В.В.