371
Премиерката на Нов Зеланд Јакинта Ардерн изјави дека нема повторно да се кандидира на парламентарните избори и дека планира да се повлече најдоцна во февруари.
-Минатото лето се надевав дека ќе можам да се подготвам не само за уште една година, туку и за уште еден мандат – затоа што оваа година тоа е неопходно. Не успеав во тоа – изјави Ардерн, додавајќи дека нема сили да ја води државата.
Таа најави дека најдоцна на 7 февруари ќе поднесе оставка од Лабуристичката партија, со што и завршува мандатот.