Премиерката на Данска, Мете Фредериксен денеска најави дека земјата ќе ја испрати сета своја артилерија во Украина и ги повика европските земји да ги снабдуваат украинските вооружени сили со муниција и системи за противвоздушна одбрана, бидејќи „сега им се повеќе потребни“, пренесува „Euromaidan Press“.
❗️ #Denmark will hand over all its artillery to #Ukraine – Prime Minister Mette Frederiksen
She also noted that Europeans should not wait until the crisis breaks out with the acceptance of funding for supplies from the United States for the Armed Forces of Ukraine. pic.twitter.com/IdhX3jtlIG
— NEXTA (@nexta_tv) February 18, 2024
Говорејќи на маргините на самитот за безбедност во Минхен, таа се пожали дека „нема доволно чувство на итност“ во дискусиите на самитот во врска со трансферот на оружје, што на Украина „и треба веднаш“.
Фредериксен рече дека европските лидери честопати ги посочуваат проблемите со производството како главна пречка за зголемување на понудата и сега отвораат нови одбранбени компании за идните потреби.
„Но, Украина од нас бара артилерија и муниција во моментов. И затоа ми е жал, пријатели, но има воена опрема во Европа. Не се работи само за производство. Имаме оружје, имаме муниција и системи за противвоздушна одбрана Тие мора да бидат испратени во Украина“, рече Фредериксен.
Таа исто така рече дека без оглед на тоа што моментално се случува во САД, Европа мора да преземе одговорност за сопствената безбедност: „Мораме да направиме повеќе“.
Американскиот Сенат неодамна донесе закон за странска помош, вклучувајќи 60 милијарди долари за Украина.
Сепак, републиканците во Конгресот одбија да одобрат дополнителни средства и ја одложија седницата поради најавените празници до крајот на февруари.