927
Епидемиологот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека матичните лекари врз основа на телефонска епидемиолошка анкета ќе одредуваат дали пациентот треба да биде повикан на тестирање на корона вирус.
-Во изминативе денови работевме на систем во кој можеме да ги вклучиме и матичните лекари и како тие би можеле да ги препознаат симптомите. Подготвени се специјани упатства и алогоритми. Не само за симптомите, туку и за можната изложеност, каде се движеле, со кого биле во контакт… Врз база на таа кратка епидемиолошка анкета, алгоритмот го дава одговорот дали пациентот треба да биде тестиран, рече доктор Микиќ.