464
Првата обвинителката на обвинителството за висок криминал и корупција, Вилма Русковска во вечерашното гостување на телевизија 1ТВ рече дека дел од доказите за бегството на Никола Груевски се собрани.
-Веќе имаме дел од доказите на бегството на Груевски, дел чекаме да се соберат. Со 100 процентна сигурност немаме утврдено дали тој легално ја поминал македонската граница. Ги имаме побарано снимките од граничните премини. Сега се обезбедени снимките од камерите по улиците во градот (Safe City системот) и тоа е многу обемен материјал што треба да се анализира, рече Русковска.