„Последниот случај Феникс и истрагата што ја отвори надлежна институција, Обвинителство, сомничи 15 лица, меѓу кои поранешни највисоки функционери на ДПМНЕ. Осомничените се теретат за злоупотреба на 57 милиони евра, пари на граѓаните, за 11 споменици од Скопје 2014“ рече на прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
„Обемот на овој историски криминал најдобро се гледа ако се спореди вредноста на злоупотребените пари. На пример, една нова, современа и целосно опремена детска градинка за 200 дечиња чини околу 1,5 – 1,7 милиони евра. Тоа значи дека за 57 милиони евра можело да се изградат 33 нови детски градинки ширум државата“ рече Тасевска.
Според неа, „од ДПМНЕ решиле дека наместо за народот, за граѓаните, за дечињата, парите треба да завршат во нечии џебови. Не се мислело на тоа да се создадат подобри услови за најмладите, не се мислело да се обезбеди соодветен капацитет, се мислело само на лично богатење“.
„Само преку еден случај 57 милиони евра злоупотребени, тоа значи дека се украдени 33 градинки. СДСМ за 6 години изгради и обнови 80 детски градинки, низ сите општини во државата“ вели Тасевска.