Преку 1000 разговори ќе докажуваат дека Груевски формирал злосторничко здружување за изборни измами

by fokus

Апелациониот суд одлучи прислушуваните разговори да се користат како докази и во предметот „Титаник“ каде се обвинети првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ за изборни измами. Станува збор за над 1000 разговори кои докажуваат учество на обвинетите во местење на избори и фалсификување на изборниот резултат.

Со оваа одлука „бомбите“ ќе бидат искористени во судската постапка во предметот на Специјалното јавно обвинителство каде се обвинети 20 лице, вклучувајќи го лидерот, Никола Груевски. Меѓу обвинетите се и Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски и Гордана Јанкуловска. Се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и повреда на избирачкото право.

 

Поврзани новости