Прекршочна за Ирина Пановска, в.д. директорката на Хематологија, за ненавремено поднесување анкетен лист

by fokus

Државната Комисија за спречување на корупција на денешната седница донесе одлука да се поднесе прекршочна пријава против актуелната в.д. директорка на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска. Прекршочната пријава се поднесува бидејќи Пановска ненавремено го поднела анкетниот лист.

-Пановска е именувана за в.д. директор на 04.08.2017 година. Според законот има обврска при секое ново назначување да поднесува анкетен лист, односно на секои шест месеци, бидејќи одново и се продолжува функцијата в.д. директор. Иако имала обврска четири пати до сега да поднесе анкетен лист за имотната состојба, таа на 15.05 годинава доставила анкетен лист за сите именувања одеднаш. Констатираме дека тоа е неподнесување или ненавремено поднесување – рекоа од Антикорупциска.

Комисијата против Пановска претходно отвори предмет за можна корупција при тендерска постапка, односно тендер на Хематологија кој го добил фирма во сопственост на нејзиниот татко.

Маја Васева

Поврзани новости