Прекршочна пријава за телевизија Алфа

by fokus

Ад хок телото за следење на медиуми во предизборниот процес, покрена прекршочна постапка против телевизијата Алфа.

Со мнозинство од три гласа, наспроти два, ад хок телото дал предлог за прекршочна пријава по основ на членот 75-б од Изборниот законик, кој регулира објавување прилози за активности на државните институции.

Двајцата членови кои гласаа против предлогот најавија поднесување издвоено мислење. Адхок комисијата воедно отфрлила неколку други предлози за поведување на прекршочни постапки.

Поврзани новости