727
Застари случајот во кој му се судеше на Мариглен Демири од Левица, за учество во толпа која ја демолирала народната канцеларија на Ѓорѓе Иванов, по масовната аболиција на осомничените од СЈО.
-Во овој предмет на обвинетиот му се ставаше на товар кривичното дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ од член 385 став 1 од КЗ за кое е предвидена парична казна или казна затвор до три години. Иако во текот на судската постапка беа закажани повеќе од 20 рочишта за главна расправа, на 13.04.2022 година настапува апсолутна застареност на кривичното гонење, информираат од Коалицијата “Сите за правично судење.