Прекинува потрагата по Мартин: Ќе чекаме морето да ни го врати

by fokus

Грчката организација  ОФКАТ која ја предводеше потрагата по Македонецот Мартин кој исчезна во Егејското Море деенска објави дека потргата ќе продолжи на „друго ниво“ и ќе се чека морето да го врати Мартин.

-Денеска затвораме 20 дена без Мартин! Напорите за негово лоцирање цело време за жал беа неуспешни иако морето, копното и небото ги прокрстаривме со она што го имавме на располагање и со сите државни органи. Мартин не припаѓа на морето, Мартин припаѓа на копното и мора да се „врати“ таму во одреден момент. Па да го оставиме морето да си ја заврши „работата“ неколку дена со надеж дека во еден момент ќе ни го врати. Сочувствуваме со неговото семејство и затоа нема да дозволиме случајот да се затвори! На мајката Лидија и на неговиот брат Горан им ветивме дека ќе го најдеме Мартин. Потрагата сега продолжува на „друго“ ниво – објавија од ОФКАТ.

Мартин исчезна на почетокот на јули со уште двајца другари кога морето ги повлекло кај Посиди. Првото момче беше спасено брзо откако го забележал сурфер, а второ момче беше пронајдено по поминати над 20 часа со вода.

Поврзани новости