Прекини на сообраќајот на повеќе патишта поради свлечишта

by fokus

Како што информира ЈП Македонија пат, поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента е затворена за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

На патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица има свлечиште, а сообраќајот се одвива по направена девијација (15 – 20 метри).

Поради појава на магла, видливоста на планинските премини Стража и Плетвар е намалена на 30 – 50 метри.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поврзани новости