Прекината свадба со 300 гости во Струмичко, кривична пријава против три лица

by fokus

СВР Струмица поднела кривична пријава против три лица од струмичкото село Банско за организирање на свадбена веселба во време на пандемија, соопшти денеска МВР.

– СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.02.2021, пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби, се наведува во соопштението на Министерството.

Поврзани новости