424
Авганистанските власти денеска, два дена по големиот земјотрес, ја прекинаа потрагата по преживеаните.
На 22 јуни земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточниот дел на Авганистан, при што загинаа повеќе од илјада луѓе, а најмалку 1.500 се повредени.
Сè уште не е познато колку луѓе се под урнатините, поради што се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.
Според властите во земјотресот делумно или целосно се уништени околу 10.000 куќи.
Од земјотресот најпогодена е авганистанската југоисточна покраина Пактика.