Сослушувањето на осомничените во случајот „Тврдина” денеска беше прекинато, откако Специјалното јавно обвинителство побара судијката Алексаднра Поп-Стефанија да се повлече од предметот.
Ова следува откако Поп-Стефанија не ги прифати барањата за притвор и за мерки на претпазливост на СЈО против Горан Грујовски, Гордана Јанулоска и другите тројца осомничени и ја оспори надлежноста на специјалното обвинителство за случајот „Тврдина”
Барањето за изземање, заедно со предметот, Поп-Стефанија треба да ги достави до претседателот на судот, кој има рок од три дена да одлучи дали ќе ја повлече судијката од предметот или пак, ќе го отфрли барањето.
Инаку, денеска на распит беа изведени Јанкуловска и Грујовски, како првоосомничени за нелегалното уништување на опремата за прислушкување. Ексминистерката по распитот изјави дека не се чувствува виновна и дека целиот случај бил сценарио на СДСМ.