Прекинат протест поради наезда од стршлени

by Fokus

Мештаните од планинските села на српската општина Куршумлија излегле на протест против камионите со дрва што им го уништуваат единствениот пат.

Но , демонстрантите биле нападнати од стршлени. Еден од шумарите бил каснат и со интервенција на полицијата однесен во болница. Мештаните се разишле, а камионите продолжиле да се движат по планинскиот пат на планината Радан .

Тие најавуваат  нова блокада. Во Србија, а особено во оваа општина летово пет лица починаа како последица од каснувања од стршлени.

Поврзани новости