Навивачите на преполната Арена Национал во Букурешт на натпреварот меѓу Романија и Косово скандираа: Србија, Србија, од почетокот на мечот, поради што францускиот судија Вили Делажод го прекина мечот во 25. минута.
Во тој момент резултатот од натпреварот од шестото коло од квалификациите за ЕВРО 2024 беше 0:0.
Заедно со Грција, Словачка, Кипар и Шпанија, Романија е една од петте земји-членки на ЕУ кои не ја признаа независноста на Косово.
На трибината зад голот стои и транспарент во боите на српското знаме со порака: Косово е Србија.
Веднаш горе имаше уште еден транспарент, но во боите на романското знаме, со порака: Басарабија е Романија. Бесарабија е историска провинција во Источна Европа помеѓу реките Днестар и Прут, која е поделена меѓу Молдавија, Романија и Украина, пишува Спорт Клуб.
Кога судијата од Франција го прекина натпреварот, а локалните фудбалери сфатија дека лесно можат да доживеат убедлив пораз на зелената маса, романските репрезентативци предводени од капитенот Хорацио Молдаван се приближија до оградата каде што се најборбените навивачи и ги замолија да ги повлечат политичките пораки и да продолжат да го поддржува спортот.