0
Прагот на алармирање за екстремна загаденост со РМ10 честичките во Струмица е прекинат, соопшти утрово Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 04.01.2025г., среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Струмица“ се наведува во соопштението.
Поради надминување на прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, и тоа надминување на вредноста од 150 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена, пред два дена во Струмица беа воведени мерки во случај на надминат праг на алармирање.