353
Прекин со водоснабдувањето од утринските часови па до 18 часот има во селата Просениково, Дабиле и Баница, како и на улицата „Бетовенова“ во Струмица, информираат од ЈПКД „Комуналец“.
Прекинот со водоснабдување е поради дефект на водоводната мрежа.
Екипи на јавното претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот.