29
Прекин на вода во населените места кои се снабдуваат со вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица поради дефект на територија на општина Прилеп.
Населените места Пресил, Св. Митрани, Врбоец, Норово, Алданци, Саждево, Јакреново, Борино и Белушино ќе имаат прекин на вода поради дефект на територија каде што Студенчица обезбедува вода. Дефектот се наоѓа во Прилеп, но водоснабдувањето за крушевските села ќе биде целосно запрено, односно за целосната територија која ја покрива водоснабдителниот систем.
„Утрово добивме известување од Студенчица дека ќе работат на дефект во општина Прилеп и водата ќе биде во прекин се до надминување на проблемот.“, велат од ЈП „Комуна“.