Прекин на патот Ресен-Претор поради паднато дрво

by fokus

Патниот правец Ресен – Претор од 19 часот е во прекин во двата правци поради паднато дрво на патот, соопшти вечерва АМСМ во вонредниот извештај за состојбата на патните правци.

Поради снежни врнежи има забрана за движење на тешки товарни возила на планинските премини Маврово, Стража, Пресека, Буково, Ѓавато, Плетвар и Барбарос.

Снег провејува низ цела Западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.

Поврзани новости