638
Белоруската државна агенција Белта предмалку јави дека преговорите меѓу делегациите на Украина и Русија за прекин на воените дејствија и барањето излез од исклучително комплицираната ситуација продолжуваат денеска, во 13 часот, на место во непосредна близина на градот Гомел, на украиснкo-белоруската граница.
Индех .хр. пренесе дека овие податоци ги изнел членот на руската делегација, преговарачот Владимир Медински.
Првата средба на двете делегеции беше пред два дена, кога беа изнесени првичните барања, по што беше договорено време за консултации со државните раководства.