Преговори за мирно предавање на Кабул

by fokus

Официјален претставник на претседателскиот Кабинет во Кабул потврди дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани е на итни разговори со американскиот специјален претставник за помирување во Авганистан, Залмај Калилзад, како и со високи претставници на НАТО.

Западни медиуми претходно јавија дека владата на Гани преговара со талибанците за „мирно предавање“ на Кабул. Талибанците, пак, тврдат дека не планираат да го преземат Кабул со сила.

-Ничиј живот, имот или достоинство нема да бидат повредени, а животите на граѓаните на Кабул нема да бидат загрозени – тврдат во изјава за американски мeдиуми бунтовниците, откако денеска влегоа во предградија на главниот град на Авганистан.

Портпаролот на талибанците Забиула Муџахид изјави дека им е наредено да останат пред портите на Кабул и да не влегуваат во градот.

Владини службеници, пак, во паника ги напуштаат своите канцеларии, а американски хеликоптери почнаа да слетуваат во областа на американската амбасада за да го евакуираат персоналот.

Поврзани новости