Прегазил човек во Илинден и избегал

by fokus

Вчеравечер, жител на Скопје се здобил со тешки повреди откако бил прегазен од автомобил, кој веднаш избегал од местото на настанот.

„На 13.09.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„34“ во населба Илинден-Скопје, патничко моторно возило „ауди“ удрило во пешакот Б.К.(45) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости