341
11-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди откако била прегазена од „југо“ со кое управувал 32-годишен скопјанец. Како што информираа од полицијата, девојчето е пренесено во Клинички центар.
„На 02.05.2019 година во 15.30 часот на крстосницата од улиците „Војвода Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Скопје, патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(32) од Скопје, удрило во 11-годишно девојче. Со тешки телесни повреди се здобило девојчето, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје“, соопштија од МВР.