310
Утрово во 8.25 часот на бројот 112 лице вработено во Национален Парк „Шар Планина“ пријавило дека на локалниот пат кон село Вејце, на околу еден километар пред селото, има загинато мече кое најверојатно настрадало во сообраќајна несреќа од непознат сторител, известија од Центарот за управување со кризи.
Информациите се дека екипа на МВР извршила увид на местото на несреќата, а телото на мечето е предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни анализи.