Прегазено е деветгодишно девојче во Гостивар

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 18.15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Боге Белјаноски“ во Гостивар, патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(66) од с. Чегране, гостиварско, удрило во 9-годишно дете од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Гостивар.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

 

Поврзани новости