409
Деветгодишно момче било удрено од автомобил додека возело со велосипед во село Курија, неготинско. Истото со тешки телесни повреди било пренесено во Медицинските центар во Кавадарци.
„На 20.09.2018 година во 18,10 часот било пријавено дека во с.Курија-неготинско, патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со кавадаречки регистерски таблици управувано од Ќ.А.(22) од с.Курија удрило во велосипед, управуван од деветгодишно дете од с.Курија. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Медицинскиот центар во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица во Неготино и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.