Прегазено дете во Струмица, возачот побегнал

by Фокус

Вечерва околу 18:00 часот на улицата „Никола Тесла“ во Струмица прегазено е четиригодишно дете, а возачот на автомобилот побегнал.

Од струмичката полиција за МИА велат дека детето со тешки телесни повреди по приемот во Медицинскиот центар во Струмица е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.

На местото на несреќата извршен е увид од страна на полицијата и јавен обвинител.

Поврзани новости