730
13-годишно девојче од село Идризово се здобило со тешки телени повреди откако било удрено од „Форд фокус“ управуван од 56-годишен скопјанец.
„На 19.03.2019 во 13.20 часот на крстосница од регионален пат Скопје-Велес и сервисна улица која води кон населба Нова Колонија патничко возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(56) од Скопје, удрило во 13-годишно девојче од село Идризово, скопско, кое се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот“, соопштија од полицијата.