Прегазено 13-годишно дете во Скопје

by Fokus
Тринаесет годишно дете пешак вчера околу 19 часот било прегазено од автомобил „Шевролет“, информираа од МВР.

Според полицијата, несреќата се случила на улицата „Коце Металец“ кога автомобилот со кој управувал К.А. (23) од Скопје удрил во детето.

-Од незгодата со повреди се здобило детето кое со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Градска општа болница “Св. Наум Охридски” за укажување лекарска помош – се наведува во соопштението.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.

Поврзани новости