Во текот на вчерашниот ден во Скопје биле прегазени вкупно тројца пешаци и еден велосипедист. Сите се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесни во Клинички центар. Најмладиот повреден е 14-годишно девојче, а најстариот 82-годишен маж.
Првата сообраќајка се случила после 11.00 часот на улицата „Димитрие Чуповски“ кога автомобил „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 28-годишниот С.А. удрил во 72-годишниот пешак М.А. од Скопје. М.А. бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Втората сообраќајка се случила на булеварот „АСНОМ“ околу 16.00 часот кога автомобил „Хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки управуван од 22-годишниот З.С. од Скопје удрил во 82-годишниот пешак Н.Д. од Скопје.
Третата сообраќајка е со прегазеното 14-годишнот девојче околу 18.00 часот на булеварот “Партизански одреди“. Таа била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“, а возилото го напуштило местото на настанот.
На улицата „Козле“ после 21.00 часот се случила четвртата сообраќајна незгода во која учествувало патничко моторно возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот А.Б. од Скопје. А.Б. удрил во 59-годишниот Г.Г. кој возел велосипед. Г.Г се здобил со тешки телесни повреди повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.