Прегазени се пензионерки во Капиштец и во Драчево

by Fokus

МВР информира дека вчера во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Васил Ѓоргов“ во Скопје, во населбата Капиштец патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(44) удрило во скопјанката Н.Ј.(74). Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Неколку часа подоцна, во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Бранко Заревски“ во скопско Драчево патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(51) удрило во С.Л.(64), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости