0
МВР информира дека синоќа во 19.15 часот во Полициската станица Пробиштип, било пријавено дека на ул. „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.М.(48) од с. Стрмош, пробиштипско, удрило во пешаците Р.В.(62) и Л.А.(65), двете од Пробиштип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешаците, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.