Прегазена жена во Ѓорче Петров

by Фокус

Вчера попладне било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Знеполе“ и ул.„Мајски манифест“ патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(66) од с.Љубин-скопско, удрило во М.С.(47) од Скопје.

Од МВР соопштија дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости