2
МВР информира дека вчера попладне во 14.25 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена А.З.(85) од Скопје.
Според пријавеното, околу 12.00 часот на сервисна улица која се поврзува со бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје била удрена од патничко возило, по што возачот го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.