318
МВР информира дека вчера попладне во 13.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул. „Сутјеска“ во Штип, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки удрило во пешакот Ц.К.(67) од Штип, по што возачот со возилото го напуштило местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.К., констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот